Инфлуенсерката Мари Ериксмен неодамна споделила искуство кое го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи. Таа посетила необичен ресторан кој наликува на НЛО и се наоѓа на вода.
Ресторанот „Ирис“ се наоѓа во фјорд во Норвешка. Мари и нејзиниот партнер стигнале до ресторанот на брод. За време на возењето со бродот, гостите гледале краток филм за отпад од храна.
Во ресторанот, тие уживале во јадење со 18 оброци, а истовремено имале прекрасен поглед на фјордот. Оброците изгледаат прекрасно и содржат цветови, риба, кавијар и луксузни десерти. Ресторанот бил отворен во јуни годинава. Цената на искуството изнесува 245 долари.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Instagram