Истражувачи од Јапонија направиле вакцина која може да го убие вирусот ХИВ во макаки мајмуни.
Медицинските третмани што сега се користат за вирусот се многу подобри од времето кога тој се појавил, но досега не бил откриен третман за убивање на вирусот. Благодарение на истражување на научници од истражувачкиот центар „Тсукуба“ во Јапонија, ова може да се смени.
Станува збор за вакцина која користи бактерија што ја зајакнува имунолошката реакција. Оваа бактерија се комбинира со ослабен ХИВ-вирус.
Фото: Pixabay
Вакцината била тестирана на 7 макаки мајмуни кои немале ХИВ во телото и покрај заразувањето со вирусот. Вирусот исчезнал кај 6 од 7 мајмуни откако добиле инјекција со големо количество од вирусот.
Истражувачите сега се надеваат дека ќе може да направат ваква вакцина за луѓе. Тие сметаат дека во следните 5 години може да започне тестирање на нивната вакцина кај луѓето.
Неодамна фармацевтската компанија „Модерна“ почна клиничко тестирање на вакцина против ХИВ базирана на истата технологија со која била создадена нивната вакцина против ковид-19.
Извор:
Futurism
Фото: Pixabay