X
 21.06.2023 Живот

Овие земји имаат најголем број острови: Првиот на листата има над 250.000

Веб-страницата worldatlas.com неодамна објави извештај, односно листа на земји со најмногу острови. На списокот има 50 земји, а на самиот врв е Шведска која брои повеќе од 267.000 острови, а веднаш зад неа е Норвешка, која има повеќе од 200.000 острови.

Шведска има 267.570 острови, од кои околу 24.000 се отворени за јавноста. Иако Шведска е земја со најмногу острови во светот, помалку од 1.000 се населени.

Норвешка се најде на второто место, со 239.057 острови, Финска на трето место со 178.947, а по нив се Канада со 52.455 и САД со 18.617 острови. Според извештајот, Гренланд е најголемиот остров во светот, додека Канада има најдолго крајбрежје во светот и граничи со три океани.

ostrovi
Фото: Freepik

Во продолжение можете да ги видите земјите рангирани според бројот на острови што ги поседуваат.

Шведска – 267.570
Норвешка – 239.057
Финска – 178.947
Канада – 52.455
САД – 18.617
Индонезија – 17.504
Австралија – 8.222
Филипини – 7.641
Јапонија – 6.852
Чиле – 5.000
Кина – 5.000
Јужна Кореја – 4.400
Куба – 4.195
Виетнам – 4.000
Северна Кореја – 3.579
Грција – 3.054
Естонија – 1.520
Тајланд – 1.430
Данска – 1.419
Папуа Нова Гвинеја – 1.400
Саудиска Арабија – 1.285
Хрватска – 1.244
Индија – 1.200
Малдиви – 1.196
Маршалските Острови – 1.156
Велика Британија – 1.000
Бурма – 1.000
Соломонски Острови - 900

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот