Сериозноста настанува поради преценувањето на времето! Но во вечноста не постои време, вечноста е само момент, токму доволен за една шега.
Светот е убав кога се набљудува без желба за трагање, едноставно, како дете.
Ништо не постоело, ништо не ќе постои, сè само Е, сè има свое битисување и сегашност.
Сите гревови во себе веќе носат простување.
Сликата за човекот, некогаш висок идеал, почнува да се претвора во клише. Можеби ние лудите ќе ја облагородиме.
Среќни сме само тогаш кога ништо не бараме од утрешниот ден, а од денешниот со благодарност го примаме она што ни го носи.
Бог не ни праќа очај за да нè убие, туку за да разбуди нов живот во нас.
...во душата го имаме сето она што некогаш живеело во човечките души. Сите богови и ѓаволи што некогаш постоеле...сите се наоѓаат во нас, тука се како можности, како желби, како решенија.
И најнесреќниот живот има свои сончеви мигови, и под песокот и камењата, свои мали цветчиња на среќа. („Степски волк“)
Јас го одбрав патот на егоист или верник, па обврските кон надвор ги сметам за споредни во однос на оние што ѝ ги должиме на сопствената душа.
Ние можеме да се разбереме еден со друг, но секој од нас може да се протолкува самиот себе. („Демијан“)
Омразата кон себеси доведува до иста стравична осаменост и очај како и претераниот егоизам.
Не е среќа да бидеш сакан. Секој се сака себеси, но да се сака друг, тоа е среќа!
Никогаш не живеев без верба и не би можел без неа ниту еден ден, но целиот свој живот можев да го издржам без црква.
Ништо на светот на човек не му е поодвратно отколку да тргне по патот што го води кон него самиот!
Страдањето носи болка затоа што се плашиш од него. Тоа те прогонува затоа што бегаш од него. Не мораш да бегаш, не мораш да се плашиш од него... Значи, сакај го страдањето. Не спротивставувај се, не бегај од него. Почувствувај колку тоа во својата длабина е слатко, препушти му се и не примај го со омраза. Твојата омраза е таа што ти нанесува болка и ништо друго. Страдањето не е страдање, смртта не е смрт, ако ти не ги направиш да бидат тоа...
Постои некакво зло меѓу луѓето што ги спречува да се здружуваат и ги тера да отвораат бездни меѓу себе. Единствено љубовта може да ги натера да го премостат тој јаз.
Самотијата е пат со кој судбината сака да го одведе човекот кон себе самиот.
Насилникот пропаѓа поради силата, лакомиот поради парите, покорниот пропаѓа служејќи, а оној што бара наслада, пропаѓа поради сласта. („Степски волк“)
Среќен е оној што умее да сака.
Секој поинтелигентен вид хумор почнува со тоа што човек самиот себе не се сфаќа сериозно.
Што повеќе љубиме и се даруваме себеси, нашиот живот добива поголема смисла и вредност.
Законот на љубовта не е заповед, туку повик на среќата.
Херој е оној што има храброст за својата судбина.
Љубовта не постои за да нè усреќи. Јас верувам дека таа постои за да ни покаже колку можеме да издржиме.
Навистина, не е мудар оној што не ја познава темнината.