Кина основа одбор за етичка анализа на видеоигри, која ќе биде насочена кон спречување на појавата на игри што содржат насилство и содржини за возрасни.
Кинескиот пазар на видеоигри е еден од најголемите, ако не и најголемиот во светот, кој расте многу брзо, па кинеските власти во последно време настојуваат да ја интензивираат контролата над него.
Властите проценуваат дека сè повеќе Кинези играат некоја игра што може да биде штетна за нивното здравје. Поради тоа, властите одлучија да формираат нов специјализиран одбор кој ќе има задача од етичка гледна точка да проценува кои игри ќе се најдат во продажба. Одборот ќе се фокусира на проверка на игрите што потенцијално содржат експлицитни сцени на насилство или содржина за возрасни, како и дали предизвикуваат зависност и проблеми со видот.
Досега одборот прегледал 20 игри. Девет не добиле дозвола додека не се направат некои промени, додека 11 игри добиле дозвола да бидат изнесени на пазарот.
Имињата на игрите што се или не се одобрени не се јавно
објавени.
Инаку, одборот официјално се вика Етички одбор за онлајн-игри, од што може да се заклучи дека тој главно е фокусиран на контрола на онлајн-игрите што се многу популарни меѓу играчите во Кина.