X
 27.03.2020 Живот

Краток документарец за почетоците на коронавирусот кој мора да го гледате

„Коронавирус: Како смртоносната епидемија предизвика глобална вонредна состојба“ е документарен филм на австралиската телевизија „Еј-би-си њуз“, кој трае околу 45 минути.

Филмот е направен пред повеќе од еден месец, а ги опишува почетоците на коронавирусот. Фокусиран е на Вухан и неколкумина Австралијци заглавени таму, а има и изјави од експерти и новинари кои објаснуваат различни аспекти на научните истражувања на коронавирусот и известувањето за неговото ширење на почетокот од епидемијата, која потоа стана пандемија.

Некои сцени во филмот, како оние во кои се прикажува како луѓе лежат неподвижно на улиците, како лекари врескаат дека не можат да издржат повеќе или кога на некои луѓе им се заваруваат вратите од домовите за да не можат да излезат, може да ве потресат, но сигурно ќе ве поттикнат да седите дома. Можеби и ќе почувствувате одредена доза на среќа што не сте се родиле таму, но и страв придружен со мисла „што ако стане вака насекаде?“

Филмот има повеќе од 11 милиони прегледи на „Јутјуб“, а за да го изгледате, треба само да знаете англиски јазик.


Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот