X
 24.10.2018 Технологија

Заработка од 500.000 долари годишно играјќи „Фортнајт“

Просечен ден на Ник: Се буди околу 9 часот наутро, дискутира за бизнисот со тимот и започнува со работа на јутјуб-видео. Завршува со видеото околу 15 часот и потоа се подготвува за стрим во 17 до 22 часот. Играњето видеоигри со часови секојдневно можеби се чини како забава, но кога ќе го сфатите сериозно и ќе го анализирате секој натпревар, работната недела станува брутална.

 - Никогаш не излегувам со пријателите. Секој ден сум на стриминг - вели Ник.

Ако има ажурирања на „Фортнајт“, денот е уште подолг: тој станува во 3 часот наутро и веднаш почнува да работи на ново видео за ажурирањето.

- Ова му помага на мојот канал да се прошири низ интернетот - вели тој и потенцира дека е неопходно да се биде во чекор со ажурирањата.

Ник ја добил првата конзола за игри „нинтендо 64“ кога имал 6 години.

видеоигри

- За татко ми, тоа беше нешто за кое најмногу се кае во животот - вели Ник.

Еден ден, кога се вратил од училиште, открил дека татко му го продал неговиот „ексбокс“ за да стави крај на зависноста на Ник од игрите.

- Полудев. Му бев многу лут - вели Ник. Не играл видеоигри речиси две години.

Кога наполнил 14 години, почнал да работи и сам си купил „ексбокс“. Неговиот татко се изненадил.

- Најдобриот совет што ми го даде беше: „Ако веќе го правиш тоа, мора да пронајдеш начин и да заработиш од тоа“.

Никогаш не помислил дека ќе заработува од играње видеоигри.

- Повеќето луѓе се навикнати да одат на работа, да добиваат плата. Но, со стримингот во живо и „Јутјуб“ е многу покомплексно. Повеќето јутјуб-гејмери се партнери со повеќеканална мрежа (MCN) што дејствува како агент кој им кажува што да прават за да заработат пари. Така, на пример, „МCN“ ќе рече: „Имаме 10.000 креатори што добиваат толку и толку прегледи месечно“, а „Јутјуб“ ќе рече: „Мора да пронајдеме реклами за нив“. Тие земаат процент од рекламата, ѝ даваат процент на мрежата, а мрежата ви плаќа процент врз основа на вашиот одговор - објаснува Ник.

- „Твич“ функционира многу различно. На „Твич“ голем дел од приходите што ги заработувате обично се преку луѓето што ве гледаат. Луѓето ви даваат бакшиш од 2-3 долари или се на претплата, слично како старомодната претплата на магазините. „Твич“ зема пари од претплатата, 5 долари месечно во просек. Креаторот на стримингот добива процент од тоа. „Твич“ зема процент од тоа, а за возврат добиваат дополнителни придобивки - додава тој.

Ник вели дека најчудниот дел е кога луѓето го препознаваат во живо.

- Имам фанови што ме запираат на улица и сакаат да се фотографираме или сакаат автограм. Малку е чудно бидејќи повеќето луѓе не очекуваат играч на видеоигри во локален ресторан - вели Ник.

Денес, играњето видеоигри може да ве направи исто толку популарен како играњето фудбал за репрезентација.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија