X
 26.07.2018 Живот

На високи температури имаме послаба концентрација

Студија на „Харвард“ покажа дека високите температури влијаат врз способноста да размислуваме јасно и рационално.

Истражувањето било спроведено на 44 студенти и се надгледувала нивната реакција на вербалните и математички тестови во текот на 12-дневниот топлотен бран што го погоди Бостон.

Резултатите објавени во списанието „Плос медицин“ покажале дека студентите побавно одговараат на прашањата и процентот на грешки пораснал за 13 пати кај 20 студенти што спиеле во соба без клима-уред, за разлика од останатите 24 што престојувале во постудени простории.

Во собите со клима-уреди температурата била 21,4 степени, а во другите 26,3 степени.

Подготвил: Т.Ц.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот