Ако сакаме да го колонизираме Марс, ќе треба да најдеме начин како да се храниме таму, а континуираното праќање храна на Црвената Планета не е одржлив план.
Но, сега истражувачи мислат дека нашле начин за произведување доволно храна на Марс за да може да се прехранат милион луѓе. Тие велат дека за имплементација на планот за осамостојување на колонизаторите би биле потребни стотици години.
Истражувачите од Универзитетот од Централна Флорида во неодамна објавена статија ги истакнаа деталите за моделот кој го создале, а кој го зема предвид потенцијалниот пораст на населението на Марс, вклучувајќи го и селењето на луѓе на планетата и раѓањето на нови жители таму, како и очекуваните потреби за калории на
колонизаторите.
Моделот се посветил и на тоа како колонизаторите би можеле да ја користат почвата на Марс и какви видови храна би можеле да произведуваат таму.
Врз основа на истражувањето тимот утврдил дека би можеле да воспоставиме систем способен да храни милион колонизатори цел век - сè додека им е во ред да се хранат претежно со растенија, инсекти и храна создадена од клетки одгледани во Петриеви садови.
Истражувачите направиле и
страница каде што може да видите како да јадете како марсовец тука на Земјата.