X
 27.08.2020 Култура

Обожавателите ја решија загатката на Ридлер од трејлерот на најновиот „Бетмен“

Eден од најочекуваните филмови е новиот „Бетмен“ во кој глуми Роберт Патисон. Обожавателите ќе чекаат малку подолго бидејќи премиерата на филмот е закажана за 21 октомври 2021 година.

Но, тоа не ги спречи да го откријат решението на загатката што ја остави Ридлер во трејлерот.

ридлер
Фото: Twitter

Ридлер му испраќа картичка на Бетмен во која има загатка. Загатката гласи:

„Што прави лажгото кога е мртов?“, а веднаш под неа има неколку кодирани симболи.

Ликот на Ридлер го глуми Пол Дано и не само што користи загатки за да го збуни Бетмен, туку и сопствена азбука што ќе ги направи неговите убиства поенигматични. Во картичката прикажана на трејлерот одговорот на загатката е даден во азбуката. Сепак, еден обожавател на филмот ја реши загатката неколку часа по пуштањето на трејлерот.

Се чини дека Ендру Лејн е првиот што ја реши загатката.


Тогаш, кој е одговорот на загатката? Што прави лажгото кога е мртов? Станува збор за игра на зборови на англиски јазик: „He lies still“ што во превод може да значи: „Тој и понатаму лаже“ или „Тој лежи мирен“.

Извор: Comicsands.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура