X
 14.01.2019 Живот

Нобелов лауреат остана без своите почесни титули поради расизам

На добитникот на Нобеловата награда за физиологија и медицина Џеjмс Вотсон му се одземени сите почесни титули во лабораторијата „Колд Спринг Харбор“, каде што тој бил раководител.

Како што се посочува на официјалната интернет-страница на лабораторијата, причина за овие мерки се изјавите на 90-годишниот научник во документарен филм, во кој вели дека генетиката ги одредува разликите во просечниот коефициент на интелигенција кај европеидните и негроидните раси.

 - Изјавите на д-р Вотсон треба да бидат осудени оти науката не ги потврдува на ниеден начин и тие не ги одразуваат ставовите на лабораторијата, на нејзините претставници, предавачи, соработници и студенти - истакнуваат од лабораторијата.

Биологот остана без титулите почесен заштитник и почесен директор на „Колд Спринг Харбор“. Инаку, тој е нобеловец од 1962 година.

Треба да се напомене и дека ова не е првпат Вотсон да биде обвинет за расизам. Тој беше изложен на обвинувања за расизам и во 2017 година, кога претскажа мрачна иднина за Африка.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот