Во неделата падна снег на едно од местата на кои никогаш не би претпоставиле дека тоа би се случило. Во Аин Сефра, алжирски град во пустината Сахара, имаше снег на дините кој се задржа час и половина, пред да се стопи. Локален фотограф направил фотографии од овие сцени.
фотоизвор: Zinnedine Hashas
Градот се наоѓа на 1000 метри надморска височина. Просечната температура во јануари е 12,4 Целзиусови степени. Според сите карактеристики, местото се вбројува во пустински предел. Но, во текот на викендот метеосервисот во Алжир предвиде дека ќе падне снег, а тоа се случува екстремно ретко. Во неделата вечерта предвидувањето се потврди.
фотоизвор: Zinnedine Hashas
Студен воздух во комбинација со низок воздушен притисок од западниот дел на Медитеранот донел снег во градот кој е составен од пустински дини и е опкружен со планини. Слична ваква појава имало и минатата година, а пред тоа снег бил забележан во февруари 1979 година.
фотоизвор: Zinnedine Hashas
Многумина ќе помислат дека сето ова се случува поради глобалното затоплување, но ваквата појава е можна и се случува.
Снег може да падне и на топли места.
фотоизвор: Zinnedine Hashas