Доколку сте заљубени во некој/а математичар/ка, ова се неколку интересни начини на кои можете да му/ѝ кажете дека го/ја сакате.
Аналитичар:
Моите чувства за тебе паѓаат на секој тест по конвергентни редови.
Ако се занимава со хиперболична геометрија:
Линијата има многу паралели, но ти немаш ни една.
Ако се занимава со топологија
Покрај сите животни дифеоморфизми, мојата наклонетост кон тебе е непроменлива.
Статистичар:
Еден момент со тебе е доволен доказ за отфрлање на нулта хипотезата.
Графички теоретичар:
Моето срце е нулта точка со илјадници лакови и сите водат кон тебе.
Комбинаторичар:
Како те сакам? Чекај да ги избројам начините...
Ако се занимава со веројатности:
Ако те наречам „еден во милион“, евтино би те продала. Ти си настан со нула веројатност.
Истражувач на операции:
Откажи го истражувачкиот алгоритам, го најдов мојот глобален оптимум.
Логичар:
Мојата љубов е повеќе од безусловна. Бикондиционална е.