X
 09.01.2018 Култура

Рецептот за среќа од Мирослав Мика Антиќ


Мирослав Мика Антиќ



Ова не смееме да го заборавиме.

Прочуениот поет Мика Антиќ во наследство ни остави голем број навидум едноставни, но толку генијални ремек-дела.

Стиховите што си  ги посветил самиот на себе веројатно најдобро зборуваат и за неговите дела и за неговиот живот. Сакал да љуби, вљубувањето му било омилено „хоби“, а во една пригода напишал и рецепт за среќен живот.

„Земете 12 месеци и добро исчистете ги од горчина, себичност, ситничарење и страв.

Секој месец внимателно исечкајте го на 30 или 31 ден, така што резервите ќе бидат доволни за цела година.

Секој ден засебно да се наполни со фил од: една третина работа, третина душевна ведрина и третина хумор, со додаток од три лажици оптимизам, една лажица трпение, зрнце иронија и прстофат тактичност.

Таа смеса обилно прелејте ја со љубов.

Готовото јадење се украсува со мала китка од ситно внимание и се сервира секојдневно, со задолжителна ведрина, со шолја добар, освежителен чај.“

Преубаво, зарем не?!


Извор
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура