Го нарекуваат визонер, генијалец, модерен Тони Старк, а еден автор го нарекол „наша најголема надеж за надминување на ерата на фосилните горива“. Тој е еден од најуспешните претприемачи на денешницата. Но, сите негови инвестиции не успеале без пречки и проблеми.
Еден од неговите најпознати брендови, „Тесла“ имал намалена вредност од 35% од почетокот на годината до изминатиот месец. Сепак, тој има одлични инвестиции, за кои добил и репутација во светот на бизнисот. „Инвестопедија“ набројува 5 најдобри инвестиции кои ги направил тој.
„PayPal“
Популарниот систем за онлајн-плаќање бил основан од Кен Ховери, Макс Левчин, Питер Тил и Илон Маск. Маск повеќе нема акции во компанијата, а ја напуштил позицијата откако „eBay“ ја купи компанијата во 2002 година. Се претпоставува дека Маск заработил од 165 милиони долари до 175 милиони долари за својот дел.
„Space X“
Маск искористил значаен дел од своите финансиски добивки од „PayPal“ за да ја основа корпорацијата за технологија за истражување на вселената позната како „Space X“. Компанијата е целосен успех, финансиски и технолошки. Од таму беше лансирана првата приватна ракета којаа стигнала до орбитата во 2008 година. Две години подоцна, беше испратело летало до Меѓународната вселенска станица. Се претпоставува дека компанијата вреди над 10 милијарди долари.
„Zip2“
Маск се откажал од своите студии на „Стенфорд“ за да работи на својата кариера. Ова е неговата прва компанија, која била онлајн-архива за весници и други медиуми. Подоцна, Маск создал дел кој ќе стане првиот онлајн-именик. Компанијата била продадена за над 300 милиони долари.
„DeepMind Technologies“
Маск постигнал успех и со оваа компанија за вештачка интелигенција. Компанијата постои од 2010 година, а Маск е еден од инвеститорите. Компанијата подоцна била продадена на „Google“ за непозната сума, но експертите сметаат дека нејзината вредност изнесува од 400 милиони долари до 600 милиони долари.
„Tesla Motors“
Маск не бил основач на оваа компанија, но бил одговорен за финансиите во 2004 година, а подоцна станал дел и од управниот одбор. Сепак, компанијата останува една од најголемите победи на Маск.