Угледен професор од Јејл тврди дека бавното и умерено пиење на овој пијалок, активира значаен дел од сивата маса во мозокот.
Фото: Pixabay
Честопати слушаме дека вежбањето на сивата мозочна материја е еднакво важно како и физичката активност на телото, и дека е добро и препорачливо занимавањето со енигматика, шах или некој друг вид на „мозочна активност“. Меѓутоа, еден од водечките научници од областа на неврологијата, доктор Гордон Шепард, смета дека подобри резултати можат да се постигнат со – пиење вино.
Тој вели дека процесот на дегустација на вино, кој подразбира мирисање на чашата и бавно подголтнување со задолжително задржување на течноста во устата, ангажира поголем процент на сивата материја отколку решавањето на математички проблеми или слушањето музика, пренесува „Индипендент“.
Тој тврди дека причина за тоа е истовременото користење на рецепторите за вкус и мирис во комбинација со сложените мускули на јазикот. Овој процес дополнително го забрзува сетот ароми во виното.
„Вкусот не е во виното. Тој се создава во мозокот на лицето кое го пие виното“ – објаснува професорот Шепард.
Тој истакнува дека според него, би било штета „дегустаторите“ на
вино да ја исплукаат голтката од пијалокот кој го „обработиле“ затоа што самите би си скратиле дел од комплетно искуство, но и дека не е добро да се оди во друга крајност затоа што мамурлакот сигурно не му помага на мозокот.