X
 14.03.2017 Култура

Ноам Чомски: „Како медиумите создаваат илузија за демократија?“

Уште откако е познат пред јавноста, познатиот лингвист и анархистички филозоф Ноам Чомски, многу пати ги дискредитирал другите академци. Можеби многуте книги, статии, лекции, интервјуа итн, носат таква тежина поради неговиот статус на „познат лингвист“ и неговaта долгогодишна работа на Инситутот за технологија во Масачусетс. Меѓутоа постои нешто повеќе во неговата долговечност како почитуван критичар на државната власт на Америка.

Неговиот глас носи власт, бидејќи тој ги потврдува неговите аргументи со детални анализи на економската теорија, историјата и политичката филозофија.


Фото: Wikipedia

Познато е колку беше против Виетнамската војна, и на почетокот на неговата кариера тој беше активист, меѓутоа познати се и неговите критики во последните неколку децении. Кога станува збор за домашната сцена на Америка, една од најпознатите и постојано релевантни критики се однесува на начинот на кој се оправдуваат активностите на Америка, како и нејзините активности врз сопствените граѓани. Може постојано да се дебатира дали Америка е демократија или република, но според Чомски, и двете идеи може да се илузија.

Наместо тоа, тој во неговата критика наречена „Manufacturing Consent“, ја критикува политичката економија на медиумите како и тоа дека масовните медиуми ни ја продаваат идејата за политичка агенција. Нивната примарна функција во Америка е да се мобилизира поддршка за посебни интереси кои доминираат во државниот и приватниот сектор. Овие интереси се менуваат и развиваат од 1988 година, меѓутоа механизмите на она што Чомски го идентификува како ефикасни и моќни идеолошки институции кои ја извршуваат пропагандата на системот, може да функционираат во ерата на Твитер.

Тие механизми во голема мера се делат на „Пет филтри“.

1. Медиумска сопственост
2. Рекламирање
3. Медиумска елита
4. Агент за публицитет
5. Заеднички непријател

Книгата на Чомски која ја напишал заедно со Херман нуди одлична анализа за начините на кои корпоративните медиуми произведуваат согласност за статус кво кое повеќето луѓето не го сакаат. 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура