X
 06.05.2016 Образование

Ноам Чомски: Што значи да се биде вистински образован?

Веројатно секој има различна дефиниција за образованието.


За некого, образован човек е начитан човек, а за некого е оној со висок степен на образование. Сепак, малку се зборува за ова, иако тоа не било така порано. Секој голем мислител во минатото, од Платон до Џон Лок, пишувал писма или дела за централната улога на образованието.

Еден современ мислител, лингвистот и пензиониран професор Ноам Чомски, ги следи чекорите на своите претходници кога станува збор за оваа тема. Тој посветил многу време мислејќи и зборувајќи за образованието денес, а образовниот систем го критикува и го гледа како корпоративен напад на своите институции.

Тој не го гледа образованието како алатка за подобрување на владите или пазарните економии, ниту го гледа како алатка за расчистување историски грешки, обезбедување сигурни работи или било што слично. Вистинското образование, за Чомски, како што вели во интервјуто подолу, претставува врата за интелектуалната слобода и креативна автономија на човекот.

За него, образованието не е за материјалот што ќе се покрие на час, туку да се биде способен за поставување сериозни прашања, да се најде сопствен пат.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование