Инфлуенсерката Шајене Викторио, во гејмерскиот свет позната како „шАј“, е осудена на 116 години затвор.
Иако е осудена на 116 години затвор, според бразилските закони, една личност во затвор може да помине најмногу 40 години, дури и ако ѝ е дадена поголема казна.
Но, како што моментално стојат работите, голема е шансата поранешната гејмерка да се извлече само со условна казна.
Помеѓу 2008 и 2019 година Бразилката била професионална гејмерка, играла „Кантер страјк глобал офенсив“ и учествувала на многубројни турнири. По нејзината гејмерска кариера таа станала инфлуенсерка. Но, сега ја стигнале грешките од минатото.
Како што пренесуваат бразилските медиуми, додека била
гејмерка, соработувала со онлајн-продавница која го користела нејзиното име и лице за да ги продава своите производи. Проблемот настанал бидејќи купувачите никогаш не ги добиле производите за кои платиле. Била разоткриена од компромитирачки е-пораки, а наводно била вмешана и во откривање банкарски и даночни тајни. Нејзиниот адвокат најавил жалба на драстичната казна, а Шајене вели дека не знаела ништо и сè му оставила на својот сопруг, кој ја презел таа работа.
- Не ме уапсија, ниту ќе ме уапсат. Не сум ни бегалец. Ова е проблем што го решаваме. Сето тоа е поради мојот поранешен партнер, кој тогаш ја презеде целата одговорност за таа работа - напиша Шајене на нејзиниот инстаграм-профил.