X
 14.12.2016 Образование

Најдобрите универзитети нудат бесплатни онлајн курсеви

Универзитетот Оксфорд го претстави првиот отворен онлајн курс (Mooc), како последна престижна институција која се приклучи на Mooc движењето.

oksford

Оксфорд кој е на првото место за 2016-17 „Times Higher Education World University Rankings “, објавиле дека ќе го понудат економскиот курс од февруари 2017 година во партнерство со edX, онлајн едукативна платформа формирана од Харвард Универзитетот и институтот за технологија во Масачусетс.

Mooc е популарен од 2011 година и милиони студенти го искористиле бесплатно. Кратките лекции се достапни за секого, потребен е само пристап до Интернет. На курсот има платформи како Coursera, edX и Udacity. Постојано се стварува и соработка со универзитети, непрофитни организации и институции за да се реализираат лекциите.

Универзитетите кои го нудат Mooc курсот се Харвард, МИТ, Стенфорд, Сорбона, Пекинг, Калтек, а сега и Оксфорд.

Креирањето на модерниот Mooc

2011: Стенфорд Универзитетот нуди три бесплатни курсеви за сите. Еден од нив е и оној за вештачка интелигенција кој привлекува над 160 илјади студенти.

2012: The New York Times ја дефинира 2010 година како „Година на Mooc“.

2013: Се појавуваат нови платформи кои го збогатуваат курсот како FutureLearn, Open2Study во Австралија и iversity во Германија.

2014: Бројот на универзитети кои го нудат курсот се искачува на плус 400. 22 од 25 најдобри универзитети според „US News World Report rankings“, започнаа да го нудат курсот бесплатно.

2015: Бројот на заинтересирани студенти се искачува на 35 милиони.

2016: Оксфорд Универзитетот објавува дека се приклучува кон платфрмата и ќе помогне во зајакнувањето на кредибилитетот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование