Универзитетот на Калифорнија во Беркли е најдобар универзитет во светот кога станува збор за ангажираноста за околината и одржливото работење, покажува најнов извештај на институтот „Квакарели Симондс“ (QS).
Институтот првпат годинава направи рангирање на 700 универзитети во светот за да види кои институции преземаат најмногу мерки за соочување со предизвиците во околината, општеството и владеењето. Рангирањето се фокусира на влијанието на истражувањата и постигнувањата на дипломците и студентите во соочувањето со предизвиците поврзани со околината.
На листата со 10 најдобри универзитети се најдоа институции од САД, Канада, Обединето Кралство, Австралија, Јапонија и Нов Зеланд.
Најдобри 10 универзитети во ангажираноста за околината
1. Универзитет на Калифорнија во Беркли (САД)
2. Универзитет на Торонто (Канада)
3. Универзитет на Британска Колумбија (Канада)
4. Универзитет на Единбург (Обединето Кралство)
5. Универзитет на Нов Јужен Велс (Австралија)
6. Универзитет на Сиднеј (Австралија)
7. Универзитет на Токио (Јапонија)
8. Универзитет на Пенсилванија (САД)
9. „Јејл“ (САД)
10. Универзитет на Окленд (Нов Зеланд)
Извор:
Top universities
Насловна фотографија:
Facebook