Финскиот претседател Саули Нинисто беше во дводневна посета на Хрватска, каде што ги посети Загреб и Сплит.
Тој се сретна со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и со премиерот Андреј Пленковиќ. Но, она што ја воодушеви јавноста е начинот на кој си замина
дома.
Фото: Buka
Со оглед на тоа дека на летот од Сплит за Хелсинки нема бизнис-класа, Нинисто мирно си седна во економската класа на евтината компанија „Norwegian“ и одлета за Осло, од каде што фати друг лет за Хелсинки.
Веста ја пренесоа и финските медиуми, а беше потврдена и од кабинетот на Нинисто.
Цената на летот Сплит-Хелсинки е 61 евро.