X
 03.01.2024 Образование

Претседателката на „Харвард“ поднесе оставка поради коментари за антисемитизмот

Клодин Геј поднесе оставка на функцијата претседател на универзитетот „Харвард“ поради обвинувања за плагијат и критики за нејзините коментари за антисемитизмот на универзитетот. Во писмото во кое ја најави оставката, таа наведува дека во најдобар интерес на универзитетот е да се повлече од функцијата.

- Беше вознемирувачки да се доведе во прашање мојата заложба за соочување со омразата и мојата поддршка за научната строгост. Ова не е одлука што лесно ја донесов. Тоа беше навистина неописливо тешка одлука - напиша Геј, истакнувајќи дека нејзината оставка ќе овозможи фокусот да се стави на институцијата, а не на поединецот.

Клодин беше на функцијата шест месеци. Таа е првата Афроамериканка на чело на овој универзитет и втора жена на функцијата претседател на универзитет во САД.

Во текот на минатомесечните сослушувања во Конгресот на САД, таа рече дека повиците за убивање Евреи се одвратни. Сепак, како што нагласи таа, дали ваквите коментари претставуваат кршење на правилата на „Харвард“, ќе зависи од контекстот. Таа беше жестоко критикувана за таквата изјава, а потоа се извини за она што го кажа во Конгресот.

Оттогаш, американските медиуми открија неколку случаи на наводен плагијат во нејзината академска работа. Комитетот на „Харвард“ ги истражи овие наводи и утврди дека се објавени два труда за кои е потребно дополнително цитирање. Но, исто така, утврдено е дека таа не ги прекршила правилата поврзани со истражувањето.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Harvard
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование