Уште еднаш, најдобри резултати на тестовите TIMSS и PISA имаат претставниците на Источноазиските земји. Кина, Сингапур, Тајван, Јужна Кореја и Јапонија продолжуваат со доминацијата, а разликата на овие со другите земји од светот се продлабочува.
Причината зошто овие земји се далеку подобри од другите што се однесува до
образованието е тема на која се дебатира подолг период – но, сепак се се сведува на овие четири фактори :
1. Културата и менталитетот
Во овие земји во голема мера се вреднува образованието и дека трудот и напорната работа се основни во постигнувањето успеси. Постои и очекување дека голем број од учениците во овие земји ќе успеат, бидејќи сите имаат еднаков пристап до наставната програма, се применуваат и дополнителни активности по завршувањето на часовите, а и домашните задачи се обемни. Единствен проблем е што учениците често се соочуваат со стрес за време на адолесценцијата и чувствуваат зголемен притисок за да бидат успешни и тие и нивните родители.
2. Квалитетот на наставниците
Провестните работници се вреднувани и почитувани во Источна Азија, постои натпревар за добивање награда, добри услови за работа, долги периоди на обука и континуирана поддршка за професионален развој. Тие дополнително им помагаат на учениците, а и креираат групи за истражување каде што работат со своите колеги. Наставниците дури едни на други си ги набљудуваат часовите и дискутираат околу методите.
3. Користење на докази
Иако звучи иронично, сепак теоријата која се изучува во овие земји има големо влијание од Западот, односно од истражувањата и развојот на колегите од западните земји. Математичките знаења, модели и слично се исто така преведувани и се користат во наставната програма.
4. Колективно поттикнување
Во 70-те, резултатите во образованието во Сингапур заостануваа многу во споредба со остатокот од светот. Трансформацијата на нивното образование се постигнало низ систематски промени на национално ниво кои подразбирале развој во наставната програма, националните учебници и сервисите за едукација на наставниците.
Слично и во Шангај и во Јужна Кореја, промените во образованието и напредокот биле планирани и реализирани на национално ниво. Ова значи дека сите училишта користеле наставна програма која била одобрена од владата, а имало и поголема доследност во добивањето на квалификации за наставник.
Успешноста во образовниот процес кај овие земји се претвори во пример кој се обидуваат да го следат и останатите земји од светот.