X
 02.04.2016 Наука

Дали сте знаеле дека го правите ова додека спиете?

Секоја ноќ легнувате за да одморите, но дали знаете дека во овој процес, исто така, може да учите?

Ново истражување објавено во „Science“ покажува дека спиењето може најдоброто време за зацврстување на учењето или добиените вештини. Без разлика дали учите француски јазик, да програмирате, па дури и усовршување на некоја вештина, спиењето може да ви помогне да постигнете подобри резултати потоа.

Додека спиете, мозокот работи на процесирање и зачувување на сè што сте го научиле во текот на денот. Секако, не можете да научите нешто ново за време на спиењето, но можно е да ја подобрите меморијата и да го зајакнете процесот на учење.

Освен тоа, во текот на спиењето мозокот ги поврзува новите информации со постоечките информации веќе зачувани во мозокот и да го примените наученото на многу различни начини.

Вклучувањето на сетилата додека учите и спиете се покажало како начин за подобрување на односот меѓу делот од мозокот во кој се создаваат спомените и делот кадешто се чуваат спомените.

Дали применувањето на техники во спиењето може да стане нашиот следен метод за подобрување на учењето? Зошто да не?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука