X
 14.04.2023 Живот

Најмалиот вид дива мачка во светот - тежи само еден килограм

Кога ќе помислите на диви мачки како леопарди и гепарди, очекувате да бидат големи. Барем поголеми од домашните мачки. Но, не и видот „Prionailurus rubiginosus“. Овие суштества се едни од најмалите видови мачки во светот кои тежат до 1 килограм, а се долги 50 сантиметри, што ги прави помали од повеќето возрасни домашни мачки.

1
Фото: Wikipedia

Иако овие мали мачки изгледаат како припитомените што ги чуваме како миленици и се слични на расата бенгал, нивното тело е помало. Нивното крзно е кафеаво-сиво со кафеави пруги кои се движат од главата до шепите.

2
Фото: Wikipedia

Овој вид мачки може да се најдат во Јужна Азија, на места како Индија, Шри Ланка и Националниот парк Бардија во Непал. Живеат во различни живеалишта, па можат да се најдат во суви и влажни шуми, бамбусови шуми, шумски пасишта и карпести ридови. Тие се жестоки ловци кои ловат глодачи и мали птици.

macka
Фото: Wikipedia

Според Меѓународната унија за зачувување на природата, овој вид не е загрозен, но се смета за ранлив. Тоа се должи на губењето на нивните живеалишта бидејќи населението во Индија и Шри Ланка продолжува да расте.
Извор: Mymodernmet.com
Фото: Reddit
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот