X
 28.02.2022 Наука

Невронаучници го нашле делот од мозокот што реагира на пеење

Музиката е важен дел од нашиот живот. И додека други суштества исто така ја негуваат музиката (помислете на песните на птиците, повиците на грбавите китови или вокализациите на бонобо мајмуните), нашето разбирање на музиката изгледа еволуциски е различно.

Нова студија ни нуди подобар преглед на врската меѓу човечкиот мозок и музиката, па открива дека пеењето има посебен невронски белег во споредба со говорот или инструменталната музика. Сепак, не е лесно да се анализира мозокот.

За да добијат прецизна претстава што се случува во мозоците додека луѓето слушаат звуци, истражувачите користеле техника наречена елетрокортикографија, при која на черепот се поставуваат електроди за да се снима електронската активност на мозокот. Податоците собрани со таа техника се многу попрецизни од оние добиени со други техники на мерење на мозочната активност.

Очигледно поставувањето електроди директно на мозокот е инвазивна процедура, па истражувачите неколку години собирале податоци од пациенти со епилепсија, кои веќе оделе на операции за нападите.

Електродите обично се поставуваат на скалпот на пациентите со епилепсија за да се следи нивната невронска активност денови пред операцијата. За тоа време, ако пациентот се согласи, може да учествува во студии каде што му се снима мозочната активност додека извршува одредени задачи.

Во овој случај, задачата вклучувала слушање на 165 често слушани песни, од вибрацијата на мобилен телефон, до истурање течности и зборување или пишување на тастатура. Во оваа мешавина од звуци била вклучена и музика со пеење и инструментална музика.

Фасцинантно, истражувачите нашле посебна популација на неврони кои реагирале на пеење.

- Нашиот клучен нов пронајдок е дека една од овие компоненти реагира речиси само на музика со пеење. Тоа посочува дека човечкиот мозок има невронска популација определена за анализа на песни - велат авторите.

Истражувачите истакнуваат и претпоставки за карактеристиките на пеењето кои го прават посебна категорија со потреба од сопствен невродинамичен белег.

- Пеењето се разликува од говорот по мелодичната интонација и ритмиката, а од инструменталната музика по вокалните резонанси и други структури специфични за гласот. Така, природна хипотеза е дека невронските популации кои селектираат песни нелинеарно се интегрираат низ повеќе карактеристики кои го одделуваат пеењето од говорот и музиката, како мелодиската интонација и вокалните резонанси - истакнуваат авторите.

Извор: Science Alert
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука