X
 14.05.2020 Технологија

„Гугл“ наскоро со нова алатка

Сите сме имале моменти кога ни биле отворени десетина табови во „Гугл“, што создава тешкотии кога треба да се најде тој што навистина ни е потребен. Од „Гугл“ сакаат да помогнат.

Технолошката компанија наскоро ќе претстави нова алатка за организирање на табовите во прелистувачот и нивно групирање. Корисниците ќе имаат можност да ги групираат табовите со десен клик, а групите ќе може да бидат означени по боја, емотикон и име. Почетната анализа на „Гугл“ покажала дека корисниците најчесто ги групираат табовите по тема, итност или напредок.


Фото: Pixabay

Организаторите на табовите во „Гугл“ не се нешто ново, но досега се нуделе преку апликации за прелистувачот. Ова е првпат како „Гугл“ нуди своја алатка за организирање на табовите.

Новата алатка се тестирала со месеци и моментално е достапна во пробна верзија. Компанијата ќе почне да ја додава алатката во новата верзија на „Хром“ од наредната недела. Алатката ќе се појавува кај корисниците постепено за да се одбегнат негативни ефекти за прелистувачот.

Автор: Риши Ијенгар
Извор: Си-ен-ен
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија