Шпанските власти одлучија да ги намалат цените на меѓуградските билети за воз и автобус за младите жители.
Целта е да се охрабрат повеќе луѓе да патуваат ова лето. Цените за превозот ќе бидат намалени од 15 јуни до 15 септември. Во рамките на мерката ќе бидат намалени и цените за брзите возови кои ги поврзуваат големите градови во Шпанија, и тоа за 50 отсто.
Владата смета дека планот ќе ги поттикне младите да патуваат повеќе и со тоа ќе придонесат за заздравување на културата и туризмот по пандемијата.
Пандемијата имаше големо влијание врз туризмот во Шпанија поради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Затоа, властите се обидуваат да ѝ помогнат на оваа индустрија, која е многу важна за земјата.
Извор:
Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay