X
 29.09.2019 Живот

Верувале или не, технологијата ни заштедува време и ни помага да се чувствуваме помлади

Технологијата многу ги промени нашите животи и начинот на кој функционира светот. Истражувањето што го спроведе компанијата „Леново“ открива дека луѓето се чувствуваат помлади поради технологијата.

Меѓу 15.000 испитаници низ светот, 40 отсто рекле дека поради технологијата се чувствуваат помлади, и тоа за 11 години. Технологијата најмногу подмладува во Кина, каде што дури 70 отсто од испитаниците рекле дека поради технологијата, се чувствуваат помлади.

Чувството е најизразено кај постарите генерации кои сметаат дека користењето на технологијата им помага да држат чекор со помладите луѓе, но и да продолжат да учат и да се поврзуваат со своите врсници и членовите од семејството.

istrazuvanje
Фото: Getty Images


Иако некои би рекле дека технологијата нè отуѓува, според истражувањето на „Леново“, луѓето денес се чувствуваат поповрзани отколку пред 20 години. Дури 75 отсто од испитаниците рекле дека технологијата им помага да останат во контакт со пријателите и семејствата што живеат во друг град или држава.

Исто така, технологијата им помага на луѓето да бидат позадоволни од своите животи. Дури 57 отсто сметаат дека паметните уреди, како компјутерот и паметните часовници, влијаеле врз нивната продуктивност и ефективност и така им го олеснувале секојдневниот живот. Испитаниците сметале дека паметните уреди им заштедувале половина час дневно.

Може да заклучиме дека технологијата, иако повремено има и темна страна, всушност ги прават нашите животи полесни и подобри, а нас нè прави помлади.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот