Во Велика Британија сериозно се размислува за воведување десетгодишна затворска казна за онлајн-пиратеријата.
Во овој момент, максималните казни за ова изнесуваат околку две години затвор, а министрите неодамна отвориле расправа за тоа дали оваа кражба е еднаква на кражбата на физичките работи.
Со построгите мерки Владата се надева дека успешно ќе ја елиминира пиратеријата на интернет во земјата. Инаку, музичката и филмска индустрија долго време бара модернизирање на законите поради пиратеријата.
Најстрогите мерки се применуваат на дистрибутерите на содржина кои ги кршат авторските права, а полицијата нагласува дека основната цел не се оние кои преземаат ваква содржина во мала мерка. Но, и за нив постојат мерки, додаваат тие.