X
 14.06.2016 Живот

Како да станете утринска личност?

Некои луѓе, едноставно, повеќе сакаат да спијат до подоцна отколку да стануваат рано и да го искористуваат денот. Но, секој човек може да се навикне да станува рано наутро. „My domaine“ откриваат некои едноставни начини како да станете утринска личност.

Направете го утрото задолжително

Доколку работите долго и мислите на вашиот сон како на нешто свето, обидете се така да мислите и на вашите утра - како задолжителни. Што би правеле доколку имавте уште два часа за себе секој ден? Можеби би пешачеле, сликале, пишувале или читале.

Музиката помага

Музиката е еден од најдобрите начини да си го направите денот поубав. Наутро започнете со нешто потивко додека се будите, а потоа продолжете со позабавна музика.

Читајте нешто гласно

Многумина веќе ја имаат таа навика да читаат електронски пораки наутро или да проверуваат „Instagram“ или „Facebook“. Ова може да ве разбуди, но уште побудни ќе се чувствувате доколку читате нешто на глас.

Не си оставајте избор

Ниту еден трик не функционира? Оставете го алармот на другата страна од собата. Напијте се чаша вода пред спиење за да се разбудите поради потреба. Направете го станувањето наутро основна потреба.

Наместете го креветот

Навистина, многу е потешко да се остане во кревет кога тој е среден. Освен тоа, истражувањата покажуваат дека завршувањето било каква обврска наутро може да ви го крене расположението.

Протегнете се

Со протегнувањето, крвта полесно тече низ целото тело. Токму тоа ви е потребно наутро, кога се будите.

Издвојте си време

Ништо не го расипува утрото толку како трчањето низ домот. Да се биде утринска личност значи убаво да се започне денот и да се има време за се'. Наместете го алармот за да станете порано и да завршите се' што е потребно.

Наградете се

Размислете што би сакале да гледате наутро и направете ритуал во врска со тоа. Секое утро, правете нешто што ве прави среќни. По одреден период, тоа ќе стане навика.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот