Утринското расположение и воведувањето ритуали што ве прават среќни влијаат врз подоброто расположение и енергијата во текот на целиот ден. Едноставно, начинот на кој гледате на светот околу себе кога ќе се разбудите влијае врз вашата психо-физичка состојба.
Ако чувствувате стрес веднаш штом ќе се разбудите, извесно е дека тој тренд ќе продолжи и во текот на денот. Според искуствата на психолозите, може да го смените начинот на кој го започнувате денот.
- Ако си дадете барем малку време и простор да мислите исклучиво за тоа како се чувствувате, ќе бидете поподготвени за денот кој следува на најдобар можен начин - вели Ребека Тенисо, клинички психолог од „Нешнал хелт сервис“.
Фото: Pixabay
Кејт Мејсон, клинички психолог, открива дека го поставува алармот порано отколку што треба за да се разбуди и мирно да лежи неколку минути. Длабоко вдишува и размислува за работите на кои би сакала да им се радува тој ден. Според неа, може да го започнете денот и со пиење кафе во мир или гледање на омилената серија за да има ефект.
Мејсон додава дека е најважно да се воспостави ритуал кој ќе ги смири телото и духот, а најважна работа што може да го наруши тоа е известување од мобилниот телефон. Затоа, таа препорачува исклучување на интернетот навечер и наутро.
Фото: Pixabay
Пола Џил Лопез, вонреден професор по психологија на Универзитетот „Ферфилд“ во Конектикат, препорачува стекнување навики по будењето, како читање, лесни вежби или разгледување на календарот со обврски за тој ден.
Џошуа Колмен, психолог од Сан Франциско, секој ден го започнува со трчање на отворено, без разлика на временските услови. Тоа му ја разбиструва главата и му помага подобро да се фокусира.
Фото: Pixabay
Кејт Мејсон објаснува дека утринските вежби од само 15 минути ѝ помагаат денот да го започне на вистински начин. Сет Џилијан, клинички психолог од Пенсилванија, исто така верува во ефектот на физичката активност и мисли дека е важно да се движиме. Тој наутро вежба јога и пешачи со сопругата или пријателите.
Според Мејсон, доколку ви недостига мотивација, може да започнете со нешто ситно и редовно да се надградувате. Одберете работи на кои ќе им се радувате бидејќи целта на утринските рутини е да ви го подобрат расположението.
Извор:
Eklinika