X
 10.10.2017 Живот

Математичарката за која речиси никој не слушнал

Амали Еми Ноудер е родена на 23 март 1882 година. Таа била математичарка која од страна на Алберт Ајнштајн била наречена „најважниот креативен математичарски гениј појавен откако почна високото образование на жените“. Нејзината теорема, која е од областа на симетријата во природата, и универзалните закони на зачувување се сметаат за речиси еднакво важни како и Теоријата на релативноста на Ајнштајн.

фото извор: curiosity.com

Иако објавила голем број неверојатни трудови, сепак е запаметена само по нејзината теорема. Теоремата се смета дека го има најдобриот резултат во математичката физика, а е и фундамент на модерната физика. Денешните физичари секојдневно ја применуваат нејзината теорема при пресметување на принципите за зачувување на енергијата.

Еми Ноудер не е толку популарна како Ајнштајн, најмногу поради тоа што била жена. Па затоа, поголемиот дел од нејзините научни трудови се објавени под машко име.

Живеела во несреќни околности, со оглед на фактот дека била Еврејка во Германија за време на зајакнувањето на моќта на нацистите. Сепак, таа посетувала студии на универзитет, дури и кога во голем дел за жените тоа било нелегално. Исто така и предавала на универзитет, пред да биде исфрлена, повторно поради почетокот на владеењето на нацистите.

И покрај несреќата што ја имала, Еми се смета за вистински гениј и нејзиниот придонес во науката е навистина вреден.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот