X
 14.06.2017 Култура

Разговор за убавината и вистината: Средбата меѓу Ајнштајн и Тагоре

На 14 јули 1930 година, гостин на Ајнштајн во неговиот дом во Берлин бил индискиот филозоф Рабиндранат Тагоре.

Книгата „Науката и индиската традиција: кога Ајнштајн го сретна Тагоре“ раскажува за нивната историска средба која сведочи за спојот помеѓу индиската традиција и западното општество.

Следува извадок од разговорот кој го воделе Ајнштајн и Тагоре, кој е мешавина од прашањата за науката, убавината, свеста, вистината и филозофијата во мајсторската медитација за најсуштинските прашања на човековото постоење.

Ајнштајн:
Дали верувате во божественото како нешто издвоено од светот?

Тагоре: Не е издвоено. Бесконечната личност на разумот на човекот ја опфаќа вселената. Не може да постои ништо што не би можело да се карактеризира под човечката личност, а тоа докажува дека вистината за космосот е човечка вистина.

Ќе го објаснам ова со научен факт - материјата се состои од протони и електрони со празнини меѓу нив, но материјата е цврста. Слично на тоа, човештвото го чинат поединци, но тие имаат свои меѓучовечки односи што го прават светот единствен. Целата вселена е поврзана со нас на сличен начин, тоа е човечки универзум. Јас за оваа идеја истражувам во уметноста, книжевноста и религиозната свест на човекот.

Ајнштајн:
Постојат две различни концепции за природата на универзумот: 1) светот како единство кое зависи од луѓето и 2) светот како реалност независна од човечкиот фактор.

Тагоре:
Кога нашиот космос е во согласност со човекот, ние го препознаваме како вистина, и го чувствуваме како убавина.

Ајнштајн:
Тоа е чист човечки концепт за универзумот.

Тагоре: И не може различно да биде. Овој свет е човечки свет – научниот поглед кон него зависи од самиот научник. Постои одреден стандард на разумот и уживањето кое му дава вистина, стандард на вечниот човек чии искуства ги поттикнува нашите искуства.

Ајнштајн: Тоа е сфаќање на човековиот ентитет.

Тагоре: Да, на еден вечен ентитет. Мораме да го разбереме преку нашите емоции и активности. Го сфативме врховниот човек кој нема лични ограничувања со помош на сопствените.

Науката се занимава со она што не е ограничено со поединеците, а тоа е човечкиот свет со една заедничка вистина.

Религијата ја разбира оваа вистина и ја поврзува со нашите најдлабоки потреби; нашата индивидуална свест за вистината добива универзално значење. Религијата ѝ дава вредност на вистината и ја поврзува со нашите најдлабоки потреби. Нашата индивидуална свест за вистината добива универзално значење.

Ајнштајн:
Значи вистината и убавината не постојат независно од човекот?

Тагоре: Не.

Ајнштајн: Кога веќе не би постоеле луѓето, Аполо од Белведере повеќе не би бил убав.

Тагоре: Не.

Ајнштајн:
Се сложувам со ова видување на убавината, но не во врска со концептот на вистината.

Тагоре: Зошто не? Вистината се реализира низ човекот.

Ајнштајн: Јас не можам да докажам дека мојот концепт е правилен, но тоа е моја религија.

Тагоре: Убавината е совршена хармонија која се наоѓа во универзалното битие. Вистината е совршено разбирање на универзалниот ум. Ние како поединци му приоѓаме низ своите грешки и заблуди, низ нашите акумулирани искуства, кон просветлената свест – како инаку би можеле да ја спознаеме вистината?

Ајнштајн:
Јас научно не можам да докажам дека вистината мора да се сфати како вистина која постои независно од луѓето, но верувам цврсто во тоа.

На пример, верувам дека Питагоровата теорема во геометријата наведува нешто што е релативно точно, независно од постоењето на човекот.

Во секој случај, ако реалноста е независна од човекот, во неа се наоѓа и вистината која се однесува на оваа реалност.

Тагоре: Вистината, која не може да се издвои од универзалното битие, мора суштински да биде човечка, инаку сето она што ние како поединци го сфаќаме како вистинито, не може да се нарече вистина - барем не онаа вистина која може да се нарече научна и до која може да се стигне низ процесот на логиката, или со други зборови, преку мисли кои се човечки.

Според индиската филозофија, постои Браман, апсолутната вистина, која не може да се сфати со издвојување на поединечниот ум и не може да се опише со зборови, туку може да се сфати со целосно стапување до неговата бесконечност. Но таквата вистина не може да ѝ припаѓа на науката.

Тагоре: Во науката преминуваме низ процес на отстранување на нашите ограничувања како личности, а со тоа доаѓаме до вистината која е во умот на универзалниот човек.

Ајнштајн: Проблемот е дали вистината е независна од нашата свест?

Тагоре:
Она што ние го нарекуваме вистина лежи во рационална хармонија меѓу субјективните и објективните аспекти на реалноста, при што и двата аспекти му припаѓаат на надличниот човек.

Ајнштајн: Дури и во нашиот секојдневен живот се чувствуваме присилени да ја опишеме реалноста независно од предметите што ги користиме. Тоа го правиме за да ги поврземе нашите чувства на разумен начин.

Доколку нема никој во куќата, оваа маса ќе остане таму каде што е. Но, тоа е неприфатливо од ваша точка на гледање - бидејќи ние сме во состојба да објасниме што значи тоа дека масата постои, независно од нас.

Нашата природна точка на гледиште која се однесува на постоењето на вистината надвор од човечкиот вид не може да се објасни или докажи, но тоа е верување кое сите неизбежно го имаат - дури и примитивните луѓе.

Тагоре: Науката докажа дека масата како цврст предмет е привид и дека она што умот го забележува како маса не би постоело ако умот го нема.

Во сфаќањето на вистината постои вечен конфликт помеѓу универзалниот човечки ум и истиот тој ум заробен во поединецот. Вечниот процес на помирување се одигрува во нашата наука, филозофија, во нашата етика. Во секој случај, доколку постои некаква вистина која нема врска со луѓето, тога таа за нас апсолутно и не постои.

Ајнштајн: Ако е така, тогаш јас сум порелигиозен од Вас!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура