Постојат голем број истражувања за физиолошките здравствени придобивки од стоењето во текот на денот, наместо седечката позиција, но што е со ефектите врз менталните перформанси?
Едно истражување кое доаѓа од Америка открива дека средношколците демонстрираа подобрени когнитивни функции после половина година стоејќи. Пред тоа учениците користеле обични клупи со седење.
„Постојат многу анегдотски докази од наставниците дека студентите се повеќе фокусирани и подобро се однесуваат додека користат таканаречени клупи за стоење“, вели Марк Бенден, еден од истражувачите од А&М Универзитетот во Тексас.
„Ова е првата проверка на когнитивните реакции на учениците од овој вид на клупи, кои до денес се фокусираат на главниот проблем кај децата - дебелината“, додава тој.
Истражувачите вклучиле 34 нови средношколци за да ги оценат нивните извршни функции преку серија на компјутерски тестови во две точки во текот на учебната година. Извршните функции се видови на когнитивни функции кои ги користиме за да анализирам задачи и тие се директно поврзани со академските вештини како што е нашата способност да ги запомниме и сфатиме фактите, да ги организираме мислите и да ги решиме проблемите.
Извршните функции во голема мера се регулирани во фронталниот дел на мозокот, па истражувачите користеле функционална близина на инфраред спектроскопија (NIRS) за да го фотографира мозокот на учениците додека тие правеле тест. Двата тестови биле направени со временска разлика од речиси половина година - во текот на правењето на тестот учениците постојано ги користеле овие клупи.
Резултатите покажале дека постојаната употреба на овие клупи се поврзува со значително подобрување во извршната функција и способностите за работна меморија. Исто така, биле забележани промени во соодветните мозочни шеми за активирање.
Учениците покажале приближно 7 до 14% подобрување во нивните когнитивни перформанси преку извршната функција и работната меморија после половина година на следење на предавања стоејќи. Понатаму, снимањето на мозокот со помош на fNIRS откри значително активирање на левиот фронтален лобус во текот на три од петте задачи.
И покрај резултатите од истражувањето, постојат голем број ограничувања од истражувањето, за кои авторите признаваат, нарекувајќи го нивното истражување првиот придонес кон постоечката база на знаење.
Поточно, само две сесии на тестирање биле снимени со учениците, а бројот на волонтери бил многу мал и паднал на само 27 ученици до крајот на истражувањето. Важно е да се има на ум дека не постоела контрола група со која би се споредиле резултатите на учениците кои стоеле.
Сепак, авторите се вклучени во две годишно истражување во средно училиште во Тексас во кое сакаат да ги претворат традиционалните клупи во стоечки. Доколку ова поголемо истражување ќе ги поддржи првичните наоди, може да се спроведен едноставна и ефективна промена на училиштата.
„Интересно е тоа што нашето истражување покажа дека користењето на стоечки клупи ги подобри неврокогнитивните функции што е во согласност со резултатите од претходните истражувања. Следниот чекор ќе биде директна споредба на неврокогнитивните придобивки на стоечките клупи во училиштата“, вели еден од истражувачите.