Една 17-годишна девојка од Англија паднала на возачкиот испит уште пред да почне да вози. Член на комисијата за полагање кога влегол во автомобилот, видел трошки од гума за бришење и веднаш ја паднал кандидатката бидејќи возилото било валкано и неподготвено за возење.
Според таткото на девојката, Пол Тарнер, автомобилот не бил во нејзина сопственост, туку на испитувачите кои бришеле нешто и ги оставиле трошките пред нејзиниот испит.
- Целата ситуација е луда. Се расправале 10 минути, но не попуштил. Го падна испитот без воопшто да вози. Беше тажна и не успеа да добие поврат на парите кои ги бараше бидејќи практично не доби можност за испитот - изјавил таткото на девојката.
Од агенцијата за возење и сигурност на возилата изјавиле дека мерките мора да се почитуваат.
- Издадени се насоки дека автомобилите што се користат на возачките испити мора да се исчистат пред тестот за да се намали можноста за зараза со коронавирусот - изјавиле тие.
Извор:
Studomat
Насловна фотографија: Pixabay