Не чепкај ја мајка ми.
Со зборови, погледи, раце.
Никогаш не чепкај ја мајка ми затоа што ќе ја бранам со зборови, погледи, раце.
Нека е полна со маани, нека грешела, нека не ја разбираш. Кому му е гајле? Не чепкај ја мајка ми, не покажувај со прст кон неа, не број ѝ ги гревовите, не мери ѝ ги зборовите.
Нејзините раце, слаби како гранки од топола, ме пречекуваат кога ќе паднам, ме спасуваат од кршење.
Само таа ме фали со карање и е единствената што ме поддржува дури и кога не ме разбира.
Не чепкај ја мајка ми да не се разбуди ураганот во мене, да не полудат сите мои ѕверови и да не ти ги проголтаат злобата и спокојот.
Нека ме роди премлада или престара, нека не поставува богати трпези, нека не се облекува по твој вкус, нека е премногу слаба или премногу дебела, не чепкај ја мајка ми!
Таа сама седеше навечер да ги смири солзите во моите соништа, уморна од истоштеност собирајќи зрнца сила да ме пофали, смири, советува или само да молчи со мене. Само таа воздивнува и пред да ми се прикраде тагата, се грижи дали сум гладна, зошто сум се задржала, ме чека навечер со запалено светло и со образите говори дека ќе биде во ред.
Таа ме фали и кога нема причина, ги крие нејзините болни места од моите очи, ме штити и кога сум посилна од неа, дава и повеќе отколку што има.
Нека зборува, нека е молчалива, нека е тврдоглава или нежна, способна или статична, нека е. Здрава и жива, мое единствено безбедно засолништe, џубокс со решенија за моите сомнежи што не работи на пари, туку на чувство.
Не чепкај ја мајка ми бидејќи ќе станам повисока отколку што сум, посилна отколку што мислам, полоша отколку што мислиш и ќе те замолчам со тие три збора кои не се ниту закана ниту молба.
Не чепкај ја мајка ми со зборови, очи, раце.
Ќе те издувам како меурче од сапуница за од гранит да се скрши твоето неважно мислење.
Нека биде за тебе никаква, за мене е светица и светлост, ако ми ја чепнеш мајка ми, ме предизвикуваш мене на дуел, а не неа.
Тоа што сум дете од нејзиниот скут ме направи змеј пред глувци, стаорци...
Автор: Јелена Миленковиќ
Фото: Freepik