X
 14.06.2023 Живот

Благодарение на вештачката интелигенција, „Битлси“ се враќаат со нова песна

Додека можностите на вештачката интелигенција од една страна предизвикуваат страв, а од друга, љубопитност и воодушевување во музичката индустрија, Пол Макартни, кој наскоро ќе го прослави својот 81. роденден, откри дека 50 години подоцна „Битлси“ се враќаат на сцената. Имено, оваа година ќе биде објавена досега непозната песна на четворицата од Ливерпул, снимена со помош на ВИ која ќе го создаде гласот на Џон Ленон. Пол тоа го објави во интервју за „Би-би-си редио 4“.

- Решивме да ја направиме последната снимка на „Битлси“. Успеавме „да го извадиме“ гласот на Џон и да го усовршиме користејќи вештачка интелигенција и да ја измиксаме снимката... Замислата дојде по еден документарен серијал во режија на Питер Џексон во 2021 година - изјави Макартни.

Британскиот пејач Стинг неодамна предвиде дека уметниците ќе мора да се борат напорно за да ги заштитат своите човечки способности од вештачката интелигенција. Пол Макартни ја смета таа појава за доста занимлива.

- Тоа е нешто што денес сите се обидуваме да го сфатиме... Тоа има добра страна, но и страшна страна, ќе видиме каде ќе води сето ова - додаде тој.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот