X
 14.06.2019 Живот

Песна што наводно може да успие секого со звук што никој не би го очекувал

Несоницата може да биде прилично лоша, а луѓето што се борат со оваа состојба, преку различни методи и начини се обиделе да се натераат да спијат. Токму овој проблем го инспирирал музичарот Сајмон Веб и продуцентот Обри Витфилд да создадат песна за која тврдат дека со леснотија може да успијат било кој.

Песната се вика „Snored to Sleep“, а во превод значи „Со 'рчење до сон“. Името го добила поради звуците на грчење што се слушаат во песната и наводно ги тераат луѓето да заспијат. Песната трае минута и 40 секунди и комбинира звуци на грчење со лесна мелодија, ниски фреквенции и ритмички повторлив бас. Сите тие компоненти се поврзани со смирувачки пулс и дишење.

Научните истражувања покажуваат дека тоа може да доведе до намалување на активноста на мозокот и создавање на совршено опкружување за мирен сон, а истовремено се користи звукот на 'рчењето како помош, а не како пречка за спиење.

- Никогаш не си замислував дека моето 'рчење ќе се појави во песна - вели Симон Веб.

- За сè постои првпат. Сериозно, навистина е одлично што можеме да направиме нешто позитивно со проблемот што може да предизвика здравствени проблеми кај некои луѓе - додава тој.

- Работев со меѓународни уметници, вклучувајќи ги „Литл Микс“ и Кели Кларксон, продуцирајќи стотици комерцијални поп и актустични песни, но ваква песна не сум направила никогаш - вели соработничката Обри Витфилд.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот