X
 31.10.2024 Живот

Зошто Готје не заработи речиси ништо од хитот „Somebody That I Used To Know“?

Пред 13 години беше објавена песната „Somebody That I Used To Know“, еден од најголемите хитови.

Песната има повеќе од 2,3 милијарди прегледи на „Јутјуб“, но човекот кој стои зад неа одлучи да живее подалеку од јавноста. Денес, Готје го нарекуваат „пејач на еден хит“, а странските медиуми пишуваат дека од оваа песна тој не заработил речиси ништо.

Тој не сакал да се прикажуваат реклами пред да ја пушти песната на неговиот јутјуб-канал, па не остварил никаква потенцијална заработка. Во интервју за австралиските медиуми во 2017 година, тој изјави дека воопшто не е заинтересиран да ја продава својата музика.

- Заклучив дека има повеќе смисла ако се фокусираме на креативни работи и не трошиме пари на адвокати и судови - изјави тој.

Тој не заработи ништо бидејќи не дозволи комерцијална употреба на песната во филмови и на телевизија, претпочитајќи да им дозволи на младите уметници и студенти да ја користат песната без да му платат надоместок.

- Не ми пречи што мојата музика се користи во креативни проекти. Јас имам свои правила и ако некој студент на студии за филм сака да ја искористи, секогаш ќе кажам да - објаснува тој.

Дополнително, тој ги плаќал надоместоците на други музичари со оглед на тоа што песната најчесто била составена од делови од други песни. Исто така, им плати и на други уметници кои придонеле за песната, како новозеландската пејачка Кимбра, така што, во основа не му останале многу пари.

Кој е Готје?

Роден во Белгија, Готје (вистинското име му е Воутер де Бакер) најголемиот дел од животот го поминал во Австралија, каде што живее и денес. Првите композиции ги објавил во 2001 година. Хитот „Somebody That I Used To Know“, кој го сними со новозеландската кантавторка Кимбра, за брзо време стана многу популарен.

Песната беше продадена во повеќе од милион копии во Велика Британија, а беше преземена 6,8 милиони пати во САД истата година. Исто така, песната беше број 1 на топ-листите во 26 земји, вклучувајќи ги Велика Британија и САД.

И покрај успехот на песната, Готје се повлече од јавниот живот. Постојат неколку причини за тоа. Прво, тој никогаш не планирал, ниту сакал да стане ѕвезда. Исто така, бил изморен од монетизирањето на неговата музика.

Во 2014 година тој лансира независна издавачка куќа наречена „Спирит левел“. Исто така, остана активен член на бендот „Д бејсикс“.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот