Колку може да заработите како практикант во Германија во некоја од компаниите како „Порше“, „Мерцедес“ или „Бош“? Овие три компании имаат одлична репутација во Германија и нудат многу можности за практична работа. Но, колкав е надоместот што го нудат за практикантите?
Платата за пракса во овие компании зависи од повеќе фактори, како видот на праксата, времетраењето на праксата или секторот. Платите за практикантите во автомобилската и технолошката индустрија во Германија се движат од 12.500 евра до 24.900 евра годишно.
Во „Мерцедес Бенз“ просечната годишна бруто-плата за пракса изнесува 17.000 евра. Во зависност од искуството, образованието и други фактори, таа може да биде пониска или повисока.
Кога станува збор за „Порше“, практикантите се платени помалку, односно примаат годишна бруто-плата од 15.800 евра.
Практикантите во „Бош“ примаат најмали плати во споредба со другите компании. Просечната бруто-плата за пракса во оваа компанија изнесува 15.400 евра годишно.
Извор:
Capital
Насловна фотографија: Freepik