X
 17.02.2016 Култура

Компании со најдобри бенефиции - Платени одмори, тренинзи, скијање...

За повеќето вработени, бесплатното кафе и платениот одмор се повеќе од добредојдени на работното место. Но, за среќниците на мал број американски и меѓународни компании, одењето на работа значи бесплатни ручеци, бесплатни обуки, слободни денови за уживање во природата и дополнителни бонуси за ново бебе или хуманитарни цели.


Во 2014 година, „Glassdoor“ ги испраша вработените да ги набројат најдобрите бенефиции кои ги добиваат со работата. Месецов, интернет-страницата ги претстави резултатите. Следуваат најнеобичните и најдобрите.

1. „Netflix“ нуди платено породилно отсуство за двајцата родители. Тие им дозволуваат на родителите да се вратат на половина работно време или целосно и повторно да земат одмор кога им е потребен во текот на годината.

2. РЕИ ги охрабрува вработените да излезат надвор нудејќи им два платени слободни дена во годината за да уживаат во омилените активности.

3. „Salesforce“ нуди 6 дена платено слободно време годишно за волонтирање и 1.000 долари за донации по избор на вработените.

4. „Spotify“ нуди 6 месеци платено породилно отсуство и еден месец флексибилно работно време за новите родители.

5. Во „World wildlife fund“ вработените се слободни секој втор петок.

6. „Airbnb“ им дава на своите вработени годишна стипендија од 2.000 долари да патуваат и престојуваат во сместување од интернет-страницата било каде во светот.

7. PwC им нуди на вработените 1.200 долари годишно за враќање на студентски долгови.

8. Вработените во „Burton“ добиваат карти за скијање и слободни денови за скијање по паѓање на многу снег.

9. „Twilio“ им доделува на вработените таблет за читање и 30 долари месечно за купување книги.

10. „Twitter“ е позната компанија по бенефиции како три оброци дневно, но меѓу помалку познатите се наоѓа и акупунктурата и часовите за напредување.

11. „Walt Disney company“ им доделува на вработените бесплатен влез во Дизниленд за нив и нивните најблиски.

12. „Facebook“ доделува 4.000 долари на вработените со новороденче.

13. „Adobe“ целосно ја затвора компанијата една недела во декември и една недела во текот на летото.

14. „Google“ исплаќа 50% од платата на починат вработен на неговиот/неговата сопруг/а во следните 10 години.

15. „Epic Systems corporation“ на вработените им нуди платен слободен месец за откривање на креативните таленти после 5 години во компанијата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура