За некои, Салвадор Дали бил гениј, додека други го сметале за растроен ексцентрик.
Но, неговиот уметнички талент не може да се оспори, како и храброста за поместување, изобличување на границите, лудата имагинација и фактот дека целиот живот верувал дека е посебен.
Секој негов јавен настан бил претстава, а во книгата „Јас, гениј“, на фановите им дал шанса да ѕирнат во приказната што стои зад неговата уметност. Како што Макијавели пишувал за успешниот владетел без никаков морален пардон, така Дали инсистирал на уметнички гениј во својот целосен сјај. Или лудило.
Ви пренесуваме некои од најлудите и највистинити цитати на Дали.
-Постои само една разлика помеѓу мене и лудакот. Лудакот мисли дека е нормален, а јас знам дека сум луд.
-Интелигенцијата без амбиции е како птица која нема крилја.
-Јас не се дрогирам. Јас сум дрога.
-Секое утро откако ќе се пробудам, го искусувам најголемото задоволство - а тоа е дека јас сум Салвадор Дали.
-Разликата помеѓу вистинските и лажните спомени е иста како и разликата помеѓу вистинските и лажните дијаманти; оние лажните секогаш изгледаат вистински и сјајат со најсилен сјај.
-Затоа што не пушам, одлучив да носам мустаќи, што е подобро за здравјето.
-Не плашете се од совршенството. Никогаш нема да го достигнете.
-Тајната на моето влијание отсекогаш беше во тоа што остана тајна.
-Доколку изигруваш
гениј, тоа и ќе станеш!