X
 14.07.2016 Култура

Пепелашка: „Без оглед колку ти тагува срцето, ако веруваш, желбата за која сонуваш ќе се исполни"

Многу од нас пораснаа со цртаните филмови на Дизни. Тие заземаат посебно место во нашите срца затоа што имаат чувствителни приказни и теми, но и затоа што не' учат на најважните животни лекции. Страницата „Brightside“ ги собра најдобрите цитати од цртаните филмови кои ги гледавме во нашето детство, кои сега се сметаат за класици.

Пепелашка

„Без оглед колку ти тагува срцето, ако веруваш, желбата за која сонуваш ќе се исполни.“

„Сонот е желба на твоето срце.“

„Дури и за чудата е потребно малку време.“

Кралот лав

„Погледни во ѕвездите. Големите кралеви од минатото гледаат на нас од ѕвездите. Кога и да се чувствуваш осамено, само запомни дека овие кралеви ќе бидат тука да те водат.“ 

„Секогаш знај кој си.“

„Сите сме поврзани во поголемиот круг на животот.“

„Се' што гледаш живее заедно во деликатна рамнотежа.“

„Минатото може да боли. Но, како што гледам јас, можеш или да бегаш или да учиш.“

Покахонтас

„Сегде околу тебе има духови, дете. Живеат на земјата, во водата, на небото. Ако ги слушаш, ќе те водат.“

„Попрво би умрел утре отколку да живеам 100 години, а да не те знам.“

„Она што најмногу го сакам во врска со реките е тоа што не можеш да влезеш во иста река двапати.“

„Ако тргнеш по чекорите на странците, ќе научиш работи кои никогаш не си ги знаел.“

„Слушај го своето срце и ќе разбереш.“

„Понекогаш вистинскиот пат не е и најлесен.“

Дамбо

„Прифати го она што те прави поинаков.“

„Оние работи кои сега те влечат долу некогаш ќе те кренат.“

Бамби

„Ако не можеш да кажеш ништо убаво, немој да кажеш ништо.“

„Онаму каде што нешто паѓа, нешто друго расте. Можеби не е она што било претходно, но е нешто ново и прекрасно во исто време.“

„Ако си исплашен, само биди пострашен од она што те исплашило.“

„Љубовта е песна која никогаш не завршува.“

Пинокио

„Секогаш пушти ја совеста да ти биде водич.“

Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура