Карипските Острови долго време им доделуваат пасоши на богатите инвеститори. Поради финансиските проблеми предизвикани од пандемијата, сега пасошите може да се „купат со попуст“.
До 1 декември островот Свети Китс и Невис нуди семеен пакет за четири лица за 150.000 долари, на попуст од поранешната сума од 190.000 долари. Пасошите ќе бидат одобрени доколку семејството купи имот во вредност од 200.000 долари и се обврзе да не го продава најмалку седум години.
Фото: Знаме на Сент-Китс и Невис/Pixabay
Пасошот на Свети Китс и Невис е приближно исто моќен како оној на Мексико, а со него може да се патува без виза во Европската Унија и во Велика Британија.
Според Лес Кан, извршен директор на агенцијата за инвестирање на островот, државата наоѓа начини за да ја одржи
економијата во живот во време на Ковид-19, со оглед на тоа што во моментов нема туристи на островот. Други островски држави во регионот, како Света Луција, Антигва и Барбуда, Гренада и Доминика, нудат слични програми со истата цел.
Фото: Pixabay
Според британската фирма „Хенли и партнерс“, има за 42% зголемување на барањата за државјанства во светот. Меѓу земјите што продаваат државјанства е и Малта, која одреден период претставува атрактивна локација за најбогатите.
Автор: Греам Рапиер
Извор:
businessinsider.com