X
 30.03.2020 Здравје

Јужна Кореја преку апликација ги набљудува жителите што се во карантин

Илјадници луѓе што се во карантин во Јужна Кореја ќе бидат набљудувани и следени за да не ги напуштат домовите и да не го шират коронавирусот. Во Јужна Кореја има 9.600 заразени и над 150 починати.

Поради тоа, владата во Сеул презема максимални мерки за да го спречи ширењето на болеста,  принудувајќи илјадници луѓе да останат во своите домови. Државата сега воведува и апликација која ќе ги набљудува граѓаните што се во изолација. Апликацијата им дозволува на сите жители што не смеат да ги напуштат своите домови да комуницираат со здравствените работници и да ги известуваат за нивниот напредок. Исто така, апликацијата е поврзана со ГПС кој ја следи нивната локација со цел да не го напуштаат карантинот.


Фото: Pixabay

Апликацијата уште денес ќе биде достапна за сите корисници на „Андроид“, додека за корисниците на „ајфон“ ќе биде достапна дури на 20 март. Со ова се очекува да се намали бројот на загрозени лица.

Според здравствените мерки, секој што имал контакт со некое лице заразено од коронавирусот станува потенцијален пренесувач и мора да биде во домашен карантин две недели. Откако потенцијалните пренесувачи ќе добијат наредба од медицинскиот центар дека не смеат да ги напуштат своите изолирани зони, добиваат посета двапати дневно за проверка за симптомите.


Фото: Pixabay

Илјадници луѓе во Јужна Кореја се во домашна изолација, а поради недостигот на ресурси во болниците, оваа апликација ќе му биде од помош на целиот здравствен систем. Сепак, апликацијата не е задолжителна бидејќи некои луѓе не користат паметни телефони или имаат проблеми со инсталирањето на апликацијата.

Владата се труди и да го минимализира ризикот од хакерски напади со тоа што апликацијата смее да ја инсталира само еден човек на еден телефон. Властите во Јужна Кореја изјавиле и дека земјата е подготвена да ја сподели својата технологија со другите нации доколку имаат потреба.

Автор: Макс. С. Ким
Извор: technologyreview.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје