X
 14.07.2021 Живот

Прехранбените навики на Никола Тесла: Јадел двапати на ден, станал вегетаријанец на 65 години

Никола Тесла е најпознат по својот придонес во областа на електричната енергија, но неговиот живот е интересен за сите бидејќи од него може многу да се научи.

Познатиот научник водел несекојдневен живот. За него се пишува дека спиел само четири часа дневно, а било откриено и дека јадел само двапати на ден. Освен тоа, тој станал вегетаријанец на 65-годишна возраст.

Милјан Стојаниќ, кој веќе 20 години ги истражува навиките за јадење на Тесла, открил во емисија на РТС дека научникот најмногу сакал да јаде млечни производи. Тој јадел и јагнешко месо, особено такво какво што се подготвува во САД.


Фото: Wikipedia

Поради проблема со простатата, Тесла станал вегетаријанец на 65-годишна возраст.

Според Стојаниќ, научникот знаел и да се напие коњак, односно виски, како и малку вино, а секогаш јадел двапати, без разлика каде се наоѓал.

Но она што најдобро го отсликува неговиот начин на исхрана е советот кој им го давал на сите. Тесла секогаш велел дека не треба да се прејадуваме и со тоа да брзаме кон оној свет, открил Стојаниќ.

Извор: Novosti
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот