X
 14.07.2024 Технологија

Практичен уредувач на текст кој го олеснува пишувањето на паметните телефони

„Пјур врајтер“ е прекрасно дизајниран мобилен уредувач на текст кој се издвојува по својот минималистички, но практичен интерфејс, а истовремено ги нуди сите можности што би ги очекувале од апликација од овој тип.

Покрај тоа што текстот може да се пишува како обичен текст, има и поддршка за „Маркдаун“, што значи дека текстот може да се обликува и стилизира до одредено ниво, а за тоа ќе помогне лентата со основни алатки која се појавува веднаш над тастатурата, нешто што дефинитивно вреди да се истражува за да се добие впечаток за она што го нуди „Пјур врајтер“.

Поддржана е и синхронизација на содржината во облак (можно е и поврзување со компјутери, но ова е резервирано за изданието „про“ со инсталирана десктоп-верзија на „Пјур врајтер“), а има и некои дополнителни напредни функции како поддршка за ТТС (претворање текст во говор), потоа промена во историјата, статистички увид, откривање клучни зборови и многу повеќе.

Секако, ова е само дел од она што „Пјур врајтер“ може да го понуди, а слично како и кај другите познати минималистички текстуални уредувачи. Постои и значително пораскошно опремено „про“ издание за кое мора да се плати претплата (од 1,59 евра месечно) или може да се купи за 19,99 евра со еднократна уплата.

Извор: bug.hr

Фото: Playstore screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија