Апликацијата „Instabridge“ на корисниците им ги прикажува шифрите од wi-fi мрежите во близина, па идеална е за користење кога се наоѓате во странство или кога сте го потрошиле целиот мобилен интернет.
Фото: Screenshot/YouTube
Комбинирајќи ја базата на податоци на wi-fi мрежи кои ги собрала заедницата на корисниците со комерцијално достапни податоци, оваа апликација за „Android“ и „iOS“ може да ви помогне во пронаоѓање на најблиските достапни точки и автоматски да го логира вашиот уред.
Покрај мапите и шифрите на одредени Wi-Fi мрежи во вашата близина, апликацијата ви нуди и оценка на квалитетот на мрежата и брзината на пренесување на податоците. Поврзувањето со достапната мрежа се одвива со еден допир, а понекогаш и ако не ја знаете лозинката.
Како е тоа возможно?
Па, некоја добра личност која пред вас ја посетила истата локација, одлучила да ја сподели лозинката со пошироката заедница. Со оглед на тоа што кафулињата и рестораните ретко ги менуваат лозинките, шансите дека лозинката и понатаму ќе го отклучи пристапот до Wi-Fi се големи.
И вие можете да бидете љубезни, па со останатите корисници да ги споделите лозинките од клубовите, рестораните, хотелите, аеродромите и другите локации на кои сте успеале да ја дознаете лозинката.
Апликацијата досега е преземена повеќе од 5 милиони пати, а што е поголем бројот на корисници толку ќе биде побогата базата на лозинки.